Печатницата График Мак принт од Скопје е основана 2002 година со скромна инвестиција и кадровски и материјални ресурси. Во тој период примарната дејност на печатницата беше сито техника на печатење, меѓутоа потребата од печатење на материјали кои би се печателе на офсет графички машини секојдневно стануваше се поголема и по потребна. Затоа во 2003 година ја набавивме првата машина за печатење од германско производство со висок квалитет на печат.
Денес печатницата График Мак принт е компанија која е спремна да одговори на голем дел од потребите на било која фирма или компанија која има потреба од печатење на материјали. Секогаш се трудиме да дадеме фер и коректни цени, професионален пристап кон работата, висок квалитет на печатените материјали и брза и навремена испорака.
Вистинско задоволство ќе ни биде доколку Вашата идеја ја отпечатиме на хартија.
Со почит,
График Мак принт
ул. Ѓорче Петров бр.4 1000 Скопје, Р. Македонија
Email: pecatnica@gmail.com
Phone: +389 71 355 484